Влада

Конституиран Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот

02.02.2026 17:22

Борбата против корупцијата е цврста определба, вели премиерот Мицкоски. Денеска конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот. Украденото мора да се врати на народот, уверува претседателот на владата. Покренати 50 предмети за корупција.

Борбата против корупцијата не е слоган туку цврста определба, порача премиерот Христијан Мицкоски на конституирањето на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. За него овој процес подразбира јакнење и на судството и обвинителствата кадровски и институционално.

ЕУ ќе помогне во експертската помош за засилување на институциите во борбата против перење пари.

Вицепремиерот Арбен Фетаи рече дека со ова тело се испраќа јасна порака дека борбата против корупцијата не е церемонијална, туку директен удар врз нелегалното богатство.

Министерката за финансии објави дека во 2024 година имало 24 финансиски истраги, додека лани нивниот број нараснал на 58.

Со финансиските истраги лани биле опфатени 400 физички лица и 95 правни лица. Само во текот на 2025 година се реализирани над 45 милиони денари директни приходи во државниот буџет, како и конкретни случаи на општествена употреба на конфискуваниот имот, со директна корист за граѓаните.

 

Игор Панов