Безбеден град

Регистрирани 646 прекршоци по првиот ден од функционирањето на системот „Безбеден град“

03.02.2026 09:52

На првиот ден од функционирањето на системот „Безбеден град“ регистрирани 646 прекршоци, што е драстично намалување од претходните 120 илјади во тест‑периодот. За минување на црвено, констатирани 64 прекршоци, најголем дел на територија на Скопје-35.

За возење со брзина поголема од дозволената, регистрирани 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на Коридорите 8 и 10.

Изречени се 101 забрана за управување на моторно возило, по основ на двата вида на прекршоци, информираа од МВР. Граѓаните задоволни, се надеваат дека постепено ќе се промени сообраќајната култура во земјава.