Трамп и Петро на средба во Вашингтон
Петро сака да покаже дека ја има контролата врз трговијата со дрога и да ги укине санкциите од САД, додека Трамп очекува „добра средба“...

Лидерите на САД и Колумбија на средба во Вашингтон во обида да го надминат спорот по обвинувањата на Трамп за внесување кокаин и заканите со воена акција. Петро сака да покаже дека ја има контролата врз трговијата со дрога и да ги укине санкциите од САД, додека Трамп очекува „добра средба“.
„Тој беше многу љубезен во последните месец, два, иако претходно беше критичен, но некако, по рацијата во Венецуела, стана многу љубезен. Тој го промени својот став. Ќе разговараме за дрогата бидејќи огромни количини дрога излегуваат од неговата земја. И се радувам да го видам. Верувам дека ќе имаме добар состанок“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
