Американскиот пратеник Виткоф на средба со Нетанјаху
Американскиот пратеник Виткоф на средба со Нетанјаху во обид да изврши притисок за унапредување на мировниот план за Газа...

Американскиот пратеник Виткоф на средба со Нетанјаху во обид да изврши притисок за унапредување на мировниот план за Газа, кој предвидува разоружување на Хамас и воспоставување на меѓународни сили за стабилизација, додека милитантната група и натаму одбива да го положи оружјето.
Во истовреме, Обединетите нации го поздравија повторното отворање на граничниот премин Рафах кој им овозможува на Палестинците да заминат или да се вратат во Газа како дел од втора фаза од примирјето.
„Го поздравуваме повторното отворање на преминот Рафах. Како што рековме претходно, на цивилите мора да им биде дозволено доброволно и безбедно да заминат и да се вратат, како што налага меѓународното право, основните хуманитарни залихи мора да влезат во доволни количини и со помалку ограничувања преку Рафа и сите други премини“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на ОН.
