Франција

Владата на Франција го усвои Буџетот за 2026 година

03.02.2026 12:08

Буџетот предвидува зголемување на трошоците за одбрана за околу 6,7 милијарди евра и воведување доброволна воена служба, како дел од стратегијата на претседателот Макрон за зајакнување на безбедноста на Франција и нејзината улога во Европа...

Француската влада го усвои Буџетот за 2026 година, по осум гласања за доверба. Премиерот Лекорну го протурка законот без гласање, со уставни овластувања поради поделбите во парламентот.

Буџетот предвидува зголемување на трошоците за одбрана за околу 6,7 милијарди евра и воведување доброволна воена служба, како дел од стратегијата на претседателот Макрон за зајакнување на безбедноста на Франција и нејзината улога во Европа.