Евроинтеграции

Сали во Брисел на средба со еврокомесарката Кос

03.02.2026 10:29

Во рамки на посетата, Сали оствари средби со претставници на Европскиот парламент и Европската комисија, на кои се разговараше за напредокот на земјата во евроинтеграциите...

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој престојува во дводневна официјална посета на Брисел, денеска ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и источно партнерство ДГ ИНЕСТ, Герт Јан Копман.

Во рамки на посетата, Сали оствари средби со претставници на Европскиот парламент и Европската комисија, на кои се разговараше за напредокот на земјата во евроинтеграциите, спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација и дигитализацијата, како и за Планот за раст на Западниот Балкан.

Беше нагласена и важноста билатералните прашања да не го попречуваат европскиот пат на земјата, а Сали ја потврди посветеноста за натамошно унапредување на реформите во соработка со европските партнери.