Муцунски од Дубаи: Фокус на економијата и дигитализацијата, ќе се потпише меморандум со ОАЕ
На маргините на Самитот се најавени и повеќе билатерални средби со шефови на држави и високи претставници...
Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата на Дубаи, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит за влади.
Муцунски информира дека ќе оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула, на која ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за соработка во областа на модернизацијата на Владата и државната администрација.
На маргините на Самитот се најавени и повеќе билатерални средби со шефови на држави и високи претставници, насочени кон унапредување на политичката и економската соработка, со цел придобивките директно да ги почувствуваат граѓаните.
