МВР

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“

03.02.2026 11:43

За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци...

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци.

Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило.

МВР со апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбеден сообраќај на територијата на целата држава.