Почна спроведувањето на Законот за сезонски работници
Почна спроведувањето на Законот за работно ангажирање на лица. Преку него ќе можат да се ангажираат пензионери, студенти и социјални случаи, без да ги загубат веќе стекнатите права...

Невработени, студенти, ученици и пензионери можат да работат како сезонски или привремени работници без да го изгубат правото на социјална заштита, пензија или други бенефиции. Секој ангажман ќе мора да се пријави во електронскиот регистар и да се плати данок на личен доход, пензиско и здравствено осигурување според новиот Закон за привремено и сезонско работно ангажирање.
Преку него треба да се надомести јазот во оние сектори каде има најголема сезонска активност: земјоделството, шумарството, туризмот и угостителството.
Целта на новиот закон е да ја намали сивата економија, да обезбеди правна и социјална заштита за работниците и поголема флексибилност за работодавачите.
Дигитализацијата ќе овозможи одржлив социјален систем, вели германската амбасадорка.
Надлежните очекуваат формализација на 17.400 сезонски работници.
Александра Велинова
