Не само случајот со Ѓоко Ристов, Судскиот совет ќе ја проверува работата на цела скопска Апелација
Не само случајот со Ѓоко Ристов, Судскиот совет ќе ја „чешла“ работата на цела скопска Апелација – најави првиот човек на телото Камбовски. Неделава резултати од проверките на предметите на судијата што заврши во куќен притвор...

Истрагата за судијата Ѓоко Ристов ги стави под лупа и неговите колеги. Судскиот совет ќе ја проверува работата на цела скопска Апелација. Но, додека да се впушти во „чешлањето“ на предметите на останатите судии, првиот човек на ова тело Камбовски, информира дека засега се врши надзор само врз 5-6 предмети на осомничениот судија. Контролата е почната по анонимна пријава, извештајот од надзорот ќе биде готов до крајот на неделава.
Крајот на истрагата, Ристов ќе го чека во куќен притвор. Тој е суспендиран од работното место, а остана и без судиски имунитет.
Во меѓувреме Обвинителството треба да собере докази, но и да сослуша сведоци за да утврди дали на судијата може да му поднесе обвинение за корупција.
Анита Димитријевска-Велковска
