Србија
Експлозивна направа фрлена врз домот на Здравко Чолиќ во Белград
03.02.2026 15:02
Пејачот, неговата сопруга и ќерката биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени. Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната...

Експлозивна направа била фрлена ноќеска врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград.
Пејачот, неговата сопруга и ќерката биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени. Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната. Предизвикана е материјална штета.
Властите се сомневаат дека бомбата била фрлена врз имотот на Чолиќ по грешка во темница, а целта најверојатно бил еден од соседите од околните вили.
Се истражува причината за нападот.
