ССМ најави блокади
В четврток напладне, Владата седнува на маса со синдикатот на УПОЗ. Разговори за зголемување на платите на административците за 40 проценти. Засега, ништо од барањата на ССМ за минималец од 600 евра. Први на удар ќе се пратениците и на 10-ти февруари нема да можат да отидат на работа, оти ќе биде блокирано Собранието...

Сојузот на синдикати започнува со блокади. Први на удар ќе се пратениците и на 10-ти февруари нема да можат да отидат на работа, оти ќе биде блокирано Собранието. ССМ ова го прави во знак на револт, оти не се одѕвале на апелите за носење на законите за раст на платите.
Трендафилов додава дека газдите биле подготвени да ги зголемат платите за најмалку 6.000 денари, ако Владата привремено се откажела од дел од придонесите. Тој додава дека со неприфаќањето на пристапот ќе сме држава која води најсиромашни работници во Европа.
Во меѓу време, од Владата велат дека минималецот ќе порасне во март за 7% до 8%.
До март, минималната плата останува 397 евра.
Инаку, в четврток останува состанокот со синдикатите, а деновите потоа ќе има и седница на Економско-социјалниот совет, на која, ќе се отворат сите прашања каде ќе се присутни и синдикатите и работодавачите.
Борис Грујоски
