Политика

Владата ја усвои програмата за работа

03.02.2026 18:15

Во документот од над 400 страници, меѓу приоритетите, образованието и здравството, но и новиот Изборен законик, како и реформите во правосудството. Петте кандидатури за наследник на Коцевски препратени на мислење во надлежниот совет.

На 400 страници со акцент на реформите и поквалитетен живот за граѓаните, Владата ја усвоила програмата за работа за годинава. Во законодавниот дел во фокусот дигиталната трансформација, здравството, образованието, правосудството.

Во однос на актите на владата, фокусот е ставен на безбедноста, економијата социјалната заштита, но и брендирање на туризмот.

Собранието до Владата ја доставило листата на кандидати за републички јавен обвинител. Сега владата таа листа ќе ја достави до Советот на обвинители, кој ќе има рок од 15 дена да достави мислење до Владата за прв обвинител во државата.

Миле А. Ристески