Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година
Како што посочуваат од УЈП, за четвртиот квартал од 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.

Почна исплатата на средства од „Мој ДДВ“ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, за четвртиот квартал од 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.
До денес реализирани се 184,5 милиони денари кон 104.000 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите, така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на „Мој ДДВ“ – велат од УЈП.
Напомeнуваат дека во овој момент 5.292 корисници, кои скенирале фискални сметки, имаат внесено погрешна трансакциска сметка поради што не се во можност да ја реализираат исплатата.
