Oризот добро се развива
Доколку се задржат поволните временски услови производителите на ориз очекуваат добри приноси. Tие се задоволни од досегашниот развој на оваа култура...

Иако поради недостигот на вода сеидбата на оризот годинава беше неизвесна, планираните 4.000 хектари беа посеани и се очекуваат високи приноси.
Доколку до октомври поволните услови потраат, од жетвата, според експертите, може да се добијат просечни приноси повеќе од 6.000 килограми по хектар.
Родот би тежел скоро 24 илјади тони арпа, односно од 12 до 14 илјади тони бел ориз што е доволно за да се покријат домашните потреби, а ќе има и за извоз.
Со турските сорти од Проектот на ТИКА годинава земјоделците засеаја 500 хектари и од нив се очекуваат за 30 проценти повисоки приноси од италијанските кои традиционално се употребуваат на кочанските полиња.
Методија Трајков
