Одбележување

154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

04.02.2026 08:26

Централното чествување по повод раѓањето на великанот Гоце Делчев ќе биде во дворот на црквата „Свети спас“ во Скопје, каде што цвеќиња ќе положат премиерот Христијан Мицкоски...

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Централното чествување по повод раѓањето на великанот Гоце Делчев ќе биде во дворот на црквата „Свети спас“ во Скопје, каде што цвеќиња ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, делегација од градот Скопје, како и делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија.