Одбрана

Мисајловски на отворањето на третиот меѓународен Самит за ВИ во областа на одбраната REAIM во Шпанија

04.02.2026 08:44

Меѓународниот самит е во организација на министерствата за одбрана и за надворешни работи на Шпанија...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, на покана на министерката за одбрана на Кралството Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, денеска и утре ќе присуствува на отворањето на третиот глобален меѓународен Самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната – REAIM, кој оваа година се одржува во А Коруња, Шпанија.

Меѓународниот самит е во организација на министерствата за одбрана и за надворешни работи на Шпанија.

Како што информираат од Министерството за одбрана, за време на престојот во Шпанија предвидено е Мисајловски да оствари средба со министерката Фернандес со цел унапредување на билатералната одбранбена соработка.

REAIM е глобален меѓународен самит каде што високи претставници на држави, меѓународни организации, експерти од академската заедница, приватниот сектор и граѓанското општество се состануваат за да разговараат како вештачката интелигенција (AI) да се развива и да се користи во воени цели на начин што ги поддржува меѓународниот мир и безбедноста.