Средбата САД - Иран останува и покрај инцидентот
Состанокот меѓу САД и Иран ќе се одржи неделава и покрај инцидентот во кој американски авион собори ирански дрон насочен кон носачот...

Состанокот меѓу САД и Иран ќе се одржи неделава и покрај инцидентот во кој американски авион собори ирански дрон насочен кон носачот „Абрахам Линколн“ во Арапско Море – потврдија од Белата куќа.
„Овие разговори, засега, се уште се закажани. Трамп секогаш дава предност на дипломатијата, но за таа да се постигне, потребен ви е партнер кој е подготвен за тоа. Тоа е нешто што специјалниот пратеник Виткоф е решен да го истражи и дискутира. Секако, претседателот има и низа опции на маса во однос на Иран“, изјави Каролин Ливит - портпаролка на Белата куќа.
Иран е подготвен да преговара под услов да нема закани и ирационални очекувања, сепак од Техеран побараа промена на местото и форматот на разговорите, предлагајќи билатерална средба во Оман, наместо во Турција.
