Либија
Убиен синот на поранешниот лидер Моамер Гадафи
04.02.2026 14:29
Син и некогашен наследник на Моамер Гадафи, е убиен во градот Зинтан во западна Либија.

Сеиф ал-Ислам Гадафи, син и некогашен наследник на Моамер Гадафи, е убиен во градот Зинтан во западна Либија.
Според локални извори, вооружени лица го усмртиле во неговиот дом, а истрагата е во тек. Тој беше осуден на смрт во отсуство и баран од Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото.
