Грција
Жртви во судир на глисер и патролен брод
04.02.2026 17:07
Од морето се извлечени 14 тела, а уште 25 мигранти, меѓу кои 11 деца, се спасени. Во инцидентот се повредени и двајца офицери на крајбрежната стража.

Најмалку 15 лица загинаа во судир меѓу глисер со мигранти и патролен брод на грчката крајбрежна стража кај островот Хиос.
Од морето се извлечени 14 тела, а уште 25 мигранти, меѓу кои 11 деца, се спасени. Во инцидентот се повредени и двајца офицери на крајбрежната стража.
Претставници на грчката крајбрежна стража не соопштија детали за причините за судирот.
