НБА

Харден во Кливленд, Гарланд се сели во Клиперс

04.02.2026 09:28

Искусниот 36-годишен Харден влегува во последната фаза од договорот и очекува негово продолжување. Тој оваа сезона инкасира 39,3 милиони долари, а за следната има загарантирани 49,2 милиони.

Лос Анџелес Клиперс и Кливленд Кавалирс договорија звучна размена во НБА. Џејмс Харден ја напушта Калифорнија и ќе ја продолжи кариерата во Кливленд, додека во спротивна насока заминува плејмејкерот Дариус Гарланд, заедно со избор од втората рунда на драфтот, објави „ESPN“.

Искусниот 36-годишен Харден влегува во последната фаза од договорот и очекува негово продолжување. Тој оваа сезона инкасира 39,3 милиони долари, а за следната има загарантирани 49,2 милиони.

Од друга страна, 26-годишниот Гарланд е во третата година од петгодишен договор вреден 197 милиони долари и претставува долгорочно решение за плејмејкерската позиција кај Клиперс.

Харден оваа сезона настапи на 44 натпревари во регуларниот дел од НБА и бележи импресивни 25,4 поени, 4,8 скока и 8,1 асистенција по натпревар. Гарланд, пак, има просек од 18 поени, 2,5 скока и 6,9 асистенции на 26 одиграни средби.