ФФМ

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска

04.02.2026 09:30

Фудбалската федерација на Данска, за македонските навивачи обезбеди 1.750 влезници по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за корисници на инвалидски колички.

Македонската фудбалска репрезентација на 26-ти март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство 2026.

Фудбалската федерација на Данска, за македонските навивачи обезбеди 1.750 влезници по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за корисници на инвалидски колички.

Навивачите на македонскиот национален тим можат да купуваат билети директно преку веб – платформата на ФФМ – https://eticket.ffm.mk/.

Фото: ФФМ