Витамин Д – тивок сојузник на здравјето

04.02.2026 10:10

Здрави коски, силен имунитет, подобро расположение и убава кожа – витаминот Д има далеку поголема улога отколку што мислиме. Иако најчесто го поврзуваме со сонцето, овој важен витамин може да се внесе и кога поголемиот дел од времето го минуваме во затворен простор.

Витаминот Д е еден од клучните нутриенти за правилно функционирање на организмот. Тој директно влијае врз здравјето на коските, квалитетот на ноктите, косата и кожата, но и врз работата на мозокот и зајакнувањето на имунолошкиот систем. На возрасна личност ѝ се потребни околу 15 мг витамин Д дневно, а по 70-тата година таа потреба дополнително се зголемува.

Нашиот организам самостојно не произведува витамин Д, освен кога кожата е изложена на сончеви зраци. Токму затоа, во зимските месеци или во периоди кога поминуваме повеќе време дома, често доаѓа до негов недостаток.

Добрата вест е дека сонцето не е единствениот извор на витамин Д. Постојат неколку едноставни начини да му ја обезбедите потребната количина, дури и без да го напуштате домот.

Иако не сте на отворено, седењето покрај прозорец насочен кон сонцето може да помогне во синтезата на витамин Д. Дополнителен бонус – подобро расположение и повеќе енергија.

Внесувајте додатоци во исхраната

Суплементите со витамин Д се практично и ефикасно решение. Квалитетните мултивитамини или шумливите таблети се лесни за употреба и добар избор во периоди на недостаток.

Туната и лососот од конзерва се одличен извор на витамин Д. Покрај тоа што се хранливи, тие имаат и долг рок на траење, што ги прави практични за секојдневна употреба.

Млекото – кравјо, соино или бадемово – содржи витамин Д, како и јогуртот и сирењето. Вклучувањето на овие производи во исхраната е едноставен начин за подобра нутритивна рамнотежа.