Македонец вмешан во милионски грабеж во Бахреин

11.09.2014 10:24

Ѓерѓ Ѓин, македонски граѓанин е член на бандата која го извршила милионскиот грабеж во луксузна продавница на „Ролекс“ во Бахреин.  Заедно со уште шесмина, облечени во бурки лани украле 80 часовници вредни 1,4 милиони долари.

Дел од бандата се уште не се пронајдени. Полицијата според видео снимките ги  идентификувала шестемина, а уапсени се Американец и Турчин, кој им помогнале веднаш по грабежот да го напуштат Бахреин.

Надлежните бараат преку Интерпол членовите на бандата да им бидат екстрадирани.

Наташа Гркова Петрушевска