ОЈО

Отворен предмет за транспортот на мозоци

04.02.2026 13:14

Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас дека примероци од мозоци на починати лица од земјава, биле транспортирани за научно-истражувачки цели во Соединетите Американски Држави...

Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас дека примероци од мозоци на починати лица од земјава, биле транспортирани за научно-истражувачки цели во Соединетите Американски Држави. „Имајќи ја предвид природата на наводите кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, ќе се испитаат сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, велат оттаму.

Наташа Јанчиќ Менковски ги има најновите информации за овој случај.