сдсм

Филипче: Да го продолжиме аманетот на Делчев

04.02.2026 13:18

Според Филипче, пораката на Делчев за „Светот како поле за културен натпревар на народите“ и денес е јасен повик дека Македонија мора да оди напред, кон модерна, просперитетна и европска држава, а не назад во изолација...

„Делата на Делчев се наш потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво“, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче по повод одбележувањето 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер. Според Филипче, пораката на Делчев за „Светот како поле за културен натпревар на народите“ и денес е јасен повик дека Македонија мора да оди напред, кон модерна, просперитетна и европска држава, а не назад во изолација.

„Во време кога државата повторно се соочува со сериозни предизвици, да не дозволиме националните интереси да бидат заложник на дневна политика, да го продолжиме аманетот на Делчев, да градиме напредна, праведна, демократска и економски силна држава, во која младите и сите граѓани ќе гледаат перспектива“, изјави Филипче.