Иновации

Грантови за зелена трансформација на компаниите

04.02.2026 18:29

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво со потпис на договорот за поддршка на претпријатијата за зелено работење...

Финансиска инјекција за 300 компании од 25 милиони евра за да инвестираат во еколошка енергетска ефикасност и одржливи деловни решенија. Поголемиот дел од средствата 18 милиони ќе ги обезбеди ЕУ, околу седум милиони евра Владата, а програмата ќе ја имплементира ИНОВА. Целта е да се забрзаат модернизацијата и конкурентноста на домашната економија.

Програмата обезбедува финансиска и стручна поддршка за инвестиции во соларни и обновливи извори на енергија, модернизација на возни паркови, технолошко унапредување на производството и усогласување со еколошките ЕУ стандарди.

Средствата се наменети за мали и средни компании, но и за поголеми компании од производствениот, транспортниот, услужниот, агро и туристичкиот сектор.

Се очекува компаниите да ги намалат трошоците за енергија, да ја зголемат продуктивноста, а како најголема придобивка да го намалат загадувањето и да се зголеми заштитата на животната средина.

Александра Велинова