МВР

Претрес во Скопје, пронајдени дрога, пиштол и рамка со куршуми

04.02.2026 20:54

Вчера во 22:50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С.(23) од Скопје...

Вчера во 22:50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С.(23) од Скопје.

При извршен претрес со судска наредба во неговиот дом во Скопје, на подрачјето на Центар, пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од МВР.