Земјотрес во Грција, почувствуван и во Охрид
Oд Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 3.7 степени.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје.
Oд Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 3.7 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, стои во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.
