Временска прогноза
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец
05.02.2026 08:05
Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m2), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.

Времето денеска ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m2), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
