Случај „Пулс“
Пет сведоци на обвинителството на новото рочиште за „Пулс“
05.02.2026 08:28
За случајот во кочанската дискотека во судницата во „Идризово“. Продолжува со сведочења. За денеска се предвидени 5-мина сведоци на обвинителството.

Ново рочиште за случајот во кочанската дискотека во судницата во „Идризово“. Продолжува со сведочења. За денеска се предвидени 5-мина сведоци на обвинителството.
На минатото судење, адвокатот Петре Шилегов побара да се запре судењето за дел од обвинетите кои не се директно поврзани со пожарот во кочанската дискотека, откако Обвинителството го запре кривичниот прогон за седуммина полицајци за кои истрагата покажала дека немаат ингеренции да ги контролираат безбедносните мерки на „Пулс“.
