Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ за растот на платите
Мицкоски попладнево ќе се сретне со претставници на Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16:45 часот и доаѓа откако премиерот изнесе понуда за раст на платите, која од УПОЗ ја оценија како прифатлива...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево ќе се сретне со претставници на Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16:45 часот и доаѓа откако премиерот изнесе понуда за раст на платите, која од УПОЗ ја оценија како прифатлива, со најава дека дополнително ќе се разговара во рамки на синдикалните тела.
Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), предводена од Благоја Ралповски.
Во изјава за медиумите, Мицкоски посочи дека понудата е на маса повеќе од една година и оти е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државните службеници.
Одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со разговорите за зголемување на минималната плата и платите во јавната администрација, премиерот истакна дека Владата има своја формула за пресметување на платите на административните службеници.
