Македонија

Најстудено на Попова Шапка со -2 степени

05.02.2026 09:49

Утринава е измерена на Попова Шапка каде се регистрирани -2 степени Целзиусови, температури од еден степен се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, два степена во Крушево, а три во Пожаране.

Најниска температура утринава е измерена на Попова Шапка каде се регистрирани -2 степени Целзиусови. Температури од еден степен се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, два степена во Крушево, а три во Пожаране. Во повеќе градови низ државата минималната температура се движела меѓу четири и шест степени, додека најтопло било во Струмица, Демир Капија, Штип и Гевгелија со девет степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија, каде наврнале 19 литри на метар квадратен. Во Струмица се измерени 12 литри, во Берово 10, а во Демир Капија, Крива Паланка и на Попова Шапка по девет литри на метар квадратен. Во Битола, Пожаране и Лазарополе се измерени осум литри, додека во Тетово и Маврови Анови по седум литри на метар квадратен.