Вашингтон повлекува 700 агенти
Околу 2.000 федерални агенти остануваат активни во Минесота, додека наставници поднесоа тужба до Министерството за внатрешна безбедност да го блокираат спроведувањето на имиграциските закони во близина на училиштата...

Американската администрација повлекува околу 700 агенти на федералната имиграциска служба од Минесота по масовните протести и смртта на двајца цивили, но целните имиграциски операции и политиката на масовни депортации продолжува-соопшти шефот на федералните гранични сили Хоман.
„Не се откажуваме од нашата мисија само го правиме ова поефикасно и попаметно. Паметното спроведување на законот го прави побезбедно. Ако сте нелегално во земјата, ако ве најдеме, ќе ве депортираме. Но, ова е за целна операција за спроведување, и тоа е она што ќе го правиме“, изјави Том Хоман, раководител на федералните гранични сили.
Околу 2.000 федерални агенти остануваат активни во Минесота, додека наставници поднесоа тужба до Министерството за внатрешна безбедност да го блокираат спроведувањето на имиграциските закони во близина на училиштата.
