Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција
Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван синоќа во 23 часот и 10 минути во Битола, Охрид и околните места, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје...

Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван синоќа во 23 часот и 10 минути во Битола, Охрид и околните места, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците на опсерваторијата, епицентарот на потресот потекнува во соседна Република Албанија, на околу 150 километри југозападно од Скопје и бил .
Претходно, во 19 часот и 50 минути во Охрид и околината беше почувствуван уште еден земјотрес, исто така, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на овој земјотрес бил во Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје.
