Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парламенти во Осло

11.09.2014 10:52

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа и претседателот на Норвешкиот парламент,  денеска и утре ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти во Осло, Норвешка.

Во рамките на конференцијата Вељаноски ќе има обраќање за „Основните уставни права и слободи - учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија“.

Утре претседателот на македонското Собрание ќе има излагање на тема „Мнозинство и опозиција - постигнување баланс во демократијата“.