МНР

Состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства

05.02.2026 10:47

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде одржан седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Македонија и Хрватска.

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде одржан седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Македонија и Хрватска.

Комисија е формирана согласно со спогодбата за заштита на правата на македонското малцинство во хрватска и хрватското во Македонија, која претставува клучен механизам за унапредување на малцинските права и јакнење на европските демократски стандарди.

Ќе се разгледуваат прашања поврзани со состојбата и унапредувањето на правата на националните малцинства во двете држави, со посебен акцент на образованието, културата, информирањето, институционалната поддршка и имплементацијата на претходните препораки на комисијата, соопшти од МНР.