МВР
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице
05.02.2026 11:44
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(38) од Кавадарци, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на МВР.
