Во Москва уапсен член на „Исламската држава“

11.09.2014 11:12

Осомничениот е обвинет за „учество во нелегална вооружена група“ и би можел да се соочи со десетгодишен затвор ако биде осуден...

Руските разузнавачки служби уапсија маж во Москва за кој се сомневаат дека е член на милитантната група Исламска држава која во моментов е најактивна во Сирија и во Ирак.

Руските новински агенции повикувајќи се на извори во владините структури, соопштија дека притворениот човек е руски државјанин кој наводно се борел на страната на Исламската држава во Сирија.

Осомничениот е обвинет за „учество во нелегална вооружена група“ и би можел да се соочи со десетгодишен затвор ако биде осуден.

Рускиот сајт „Газета“ пишува дека до апсењето на осомничениот доаѓа откако милитантите на Исламската Држава објавија видео во кое се закануваат дека ќе започнат војна во Кавкаскиот регион.