Македонија

Филипче: Помалку луксуз за повеќе пари за работниците

05.02.2026 16:41

Помалку луксуз, поголеми плати за работниците. Лидерот на СДСМ ја откри неговата формула, како да се стигне до минималец од 600 евра. Тој посочи на ставки од буџетот каде има простор да се крати. Според него, со ребаланс може да се обезбедат и 200 милиони евра за плати...

Социјал-демократите со Предлог-законот за зголемување на минималната плата од 600 евра предлагаат и кратење на две ставки од буџетот со што би се обезбедиле 120 милиони евра, колку што е потребно за покривање на минималецот.

Со намалување на 20-30 проценти во ставката стоки и услуги и патни трошоци ќе се заштедат до 130 милиони евра, вели Венко Филипче.

Според Филипче, Владата ја продлабочува изолацијата на земјата, со тоа што, како што вели, не спроведува реформи, врши партизација во општеството и се повеќе потпаѓа под унгарско влијание.

Дали зад параванот на неотворање на Уставот, власта се плаши од отворање на тајните досиеја кои се обврска содржана во францускиот предлог – прашува првиот социјал-демократ Филипче.

Миле А. Ристески