Предлог - закон за Академијата за судии и јавни обвинители
Здружението за кривично право и криминологија и Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ со научно-стручна расправа по предлог-законот за академијата за судии и јавни обвинители. Се очекува заклучоците кои ќе произлезат да бидат доставени до Министерството за правда во насока на унапредување на текстот на предлог-законот.

Во новиот Предлог – закон за Академијата за судии и јавни обвинители се заоструваат критериумите за избор на кандидатите, се воведува приемен испит и квалификувана обука, а се укинуваат психолошкиот и тестот за интегритет, објаснува претседателката на Академијата. Според неа, со ова треба да се зголеми квалитетот и интегритетот на кандидатите за идни судии и обвинители.
Академик Камбовски вели само со донесување на регулатива, тешко може да се отстрани влијанието на бизнис и политичките кругови врз судиите и обвинителите. Тоа според него, пред сè зависи од интегритетот и од стручноста на секој судија и обвинител при донесување на пресудите и одлуките.
Заклучоците од научно-стручната расправа ќе бидат доставени до Министерството за правда.
Игор Панов
