Администрација

Владата и УПОЗ се договорија за зголемување на платите

05.02.2026 17:57

Претставниците на УПОЗ на средба во Владата. Дел од барањата на Синдикатот се прифатени – додатоците на плата во администрацијата и судството од по осум проценти, од март ќе се исплаќаат на рати. Дотогаш ќе треба да се потпишат и нови поединечни колективни договори.

Синдикатот на УПОЗ на средба во Владата за платите на административците. Деаноски рече дека е прифатлив моделот за етапен раст на платите за 40% до 2028 година во наредните три години.

Станува збор за околу 7.700 работници. Зголемувањето ќе биде на трипати по 8% годишно, а не по 10% како што баравме и ќе почне да се исплаќа од месец март, рече првиот човек на УПОЗ.

Пред тоа, како што појасни Деаноски потребно е со ова да се согласат сите органи и тела на УПОЗ и да се потпишат колективни договори. Тој не ја исклучи можноста ваквиот договор да не добие зелено светло од сите синдикати кои се во рамките на синдикатот.

Формулата предвидува во наредните три години на платата да се расте за 8%, со што ако сега е 35.000 денари, до 2028-ма да е околу 50.000 или за 40% повисока отсега.

Борис Грујоски