Нови сведоштва за трагедијата во Кочани
Ново рочиште со сведоштва за трагедијата во Кочани. Пожарникари раскажаа за борбата со огнената стихија и напорите за извлекување гости од објектот, родителите обвинија за притисоци врз сведоци на обвинителството.

Луѓе стуткани на излезот од дискотеката затекнале пожарникарите кои се одѕвале на повикот за помош и интервенирале во евакуацијата на гостите и гасење на огнот. Дојавата стигнала во 2:35 часот, а побарале асистенција и од колеги од другите градови.
Метеж имало и кај тоалетите. Во стампедото настрадале повеќе луѓе кои се онесвестувале од чадот, сведочат пожарникарите.
Адвокатот Миланов побара Обвинителството да ја запре постапката за обвинетите кои директно не се поврзани со пожарот.
Семејствата бараат Обвинителството да провери дали братот на газдата, Тодор Јованов кој е во притвор имал мобилен телефон во ќелијата преку кој вршел притисок на сведоците.
Откако реалниот сопственик на дискотеката Гроздан Милковски се пожали дека не му е добро, судијката го прекина рочиштето. Процесот продолжува со распит на сведоци на обвинителството.
Анита Димитријевска – Велковска
