ИЈЗ

Грипот зеде уште една жртва

05.02.2026 16:14

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, станува збор за маж на возраст од 62 години, кој бил хоспитализиран на инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово.

Грипот зеде уште една жртва- според последните податоци на Институтот за јавно здравје, станува збор за маж на возраст од 62 години, кој бил хоспитализиран на инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово.

Тој имал коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип. Во последната недела се пријавени речиси 1.500 случаи, за 12,3 проценти помалку од претходната седмица, и за двојно помалку во однос на петта недела од минатата година.

Висока активност на вирусот има во Охрид, Дебар и во Гевгелија.