Одбојка

Заплетот се посилен

11.09.2014 11:24

Американците со голема самодоверба и перспективи кои им се отвораат влегуваат во новото денешно дерби против Србија...

Никогаш поинтересно светско одбојкарско првенство. Со секое ново излегување на натпреварувачкиот полигон заплетот се зголемува.На средишницата од „мундијалот“ дури десет екипи се со шанса за влез во трката за медалите. Особено ќе е возбудливо во „Е“ групата. САД направи голем резултатски исчекор откако синоќа ја порази Полска со 3:1.По традиција најсилни кога е најпотребно, му го нанесоа првиот пораз на домаќинот на шампионатот.Американците со голема самодоверба и перспективи кои им се отвораат влегуваат во новото денешно дерби против Србија. Во слична ситуација е и српскиот состав.Вчера лесно ја совлада некомплетната Италија со 3:0 елиминирајќи ја од трката за медал, но денеска во Лоѓ е пред многу поголемо искушение.Франција сигурно е дека нема да ретерира од лидерското место во групата против аутсајдерот Австралија. И Иран е голем фаворит протв Аргентина.

Во „Ф“ групата е многу по „спокојно“! Бразил и Русија и натаму царуваат со голема веројатност дека на крајот од денот и практично ќе станат ¼ финалисти. Германија засега е најблиску да им се придружи, иако вечер против себе ќе ја има Бугарија, давеникот кој ќе бара сламка на спас.

„Е“ група

16.30 Бидгошч:Аргентина-Иран

16.30 Лоѓ:Србија-САД (МРТ-пренос)

20.25 Бидгошч:Австралија-Франција

20.25 Лоѓ:Полска-Италија (МРТ-пренос)

Табела:

1.Франција   10

2.Полска        9

3.Србија         9

4.Иран            8

5.САД             7

6.Аргентина   3

7.Италија       2

8.Австралија  0

 

„Ф“ група

16.30 Катовице:Бразил-Кина

16.30 Вроцлав:Финска-Канада

20.25 Катовице:Германија-Бугарија

20.25 Вроцлав:Куба-Русија

Табела:

1.Бразил        12

2.Русија         11

3.Германија    9

4.Канада         7

5.Бугарија      5

6.Финска       2

7.Куба           2

8.Кина           0