Град Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје полека застанува на нозе и почнува да оди напред

05.02.2026 18:34

Блокирани 15 илјади сметки за неплатен данок, обврските на Град Скопје намалени, откочени проекти во инфраструктурата – Ѓорѓиевски даде отчет за сработеното досега како градоначалник на Скопје...

До крајот на годинава метрополата ќе располага со уште 100 автобуси. Помината е одлука на влада, градоначалникот Ѓорѓиевски очекува испораката да започне брзо. И преку БРТ ќе се набават дополнително 30 автобуси.

Ѓорѓиевски апелираше граѓаните и компаниите да го платат данокот. Град Скопје блокирал над 17.000 сметки.

Над 6,5 милиони евра годишно ќе заштедат скопските јавни претпријатија само од платите на оние кои не доаѓале на работа и на кои им се прекинати договорите.

Ѓорѓиевски вели дека за два месеци успеале да намалат над 32 милиони евра од долговите на градските јавни претпријатија.

Ѓорѓиевски рече дека во градот има околу 150 црни точки кои се детектирани и во координација со МВР ќе се работи на нивно отстранување.

Ана Јосифоска