Јаневска верува дека немало пропусти при испраќањето на мозочни ткива во САД
Министерката за образование Јаневска верува дека немало пропусти, бидејќи тоа не би си го дозволил универзитет од рангот на Колумбија. Таа не се сомнева ниту во работата на етичката комисија на Медицинскиот факултет.

Министерската за образование не верува дека има пропусти при испраќање на мозочни ткива во САД. Американскиот универзитет години наназад е осми на Шангајската листа и не би си дозволил какви било пропусти во своето работење.
Јаневска не се сомнева ниту во етичката комисија на Медицинскиот факултет која одлучувала за испраќањето на мозоци во странство. Таа била дел од етичката комисија, но не во периодот кога се работело на овој проект. Објаснува во какви случаи само можело да се смени претходно донесена одлука.
Министерката Јаневска вели дека научно-истражувачката дејност со признати универзитети од странство се од особено значење за мала земја како нашата. Ние ги стимулираме нашите универзитети да се вмрежуваат, да создаваат.
Но, дали таа корист е на нечија штета ќе испитува Јавното обвинителство кое ќе истражува имало ли злоупотреби при добивање дозволи и согласности за испраќање на мозоци во Америка за научно-истражувачка дејност.
Наташа Јанчиќ- Менковски
