Македонија

Владата го презентираше напредокот од Реформската агенда пред ЕУ амбасадорите

05.02.2026 19:06

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ги истакна резултатите во областа на праведната транзиција, пазарната интеграција и усогласувањето на енергетската политика со европските стандарди

Владата одржа брифинг со амбасадорите на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, на кој беше презентиран напредокот во спроведувањето на Реформската агенда и приоритетите на европскиот пат на државата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ги истакна резултатите во областа на праведната транзиција, пазарната интеграција и усогласувањето на енергетската политика со европските стандарди, посочувајќи дека е усвоен Годишниот план за имплементација за 2026 година и новиот Закон за енергетика.

Како што најави премиерот Христијан Мицкоски, Владата ќе продолжи со редовни брифинзи со ЕУ амбасадорите, со цел транспарентно информирање за реформските процеси.