Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд

06.02.2026 08:04

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура насекаде ќе биде над нулата и ќе се движи во интервал од 2 до 6 степени, а максималната дневне ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец.