синдикат

КСС го прифати владиниот предлог

06.02.2026 08:11

Се прават подготовки на поединечните колективни договори. КСС уште во првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците...

Конфедерацијата на слободни синдикати почна постапка за прифаќање на понудата на Владата за зголемување на платите на административците до 2028-ма, по 8% секоја година. Се прават подготовки на поединечните колективни договори. КСС уште во првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците.

Нашиот став е јасен, секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш, велат од синдикатот.